Две нови опции за Буфон

Џанлуџи Буфон нема намера да се откаже од активното играње фудбал, односно бранење, и на свои 41 години. Ветеранот и ова лето ќе го искористи да најде нов клуб каде би бранел најмалку уште една сезона, откако Италијанецот потврди дека нема да ја продолжи соработката со ПСЖ.

Искусниот голман има понуда од Парма да се врати во матичниот клуб, но сега се појавија две нови дестинации кои мамат со настап во Лигата на шампионите. Имено, Валенсија и Аталанта се екипите кои се интересираат за услугите на Буфон. Лилјаците кон крајот на сезоната во Ла Лига се изборија за едно од четирите места кои водат во најелитното европско натпреварување, додека тимот од Бергамо како третопласиран во Серија А избори историски пласман во ЛШ.

Токму играњето на континенталниот клупски собир може да биде главна причина за Буфон да одбие враќање во Парма.

- Оглас -

Најнови вести