Две третини од прогнозерите сметаат дека Милионерите се фаворити против Ред Бул Лајпциг

Точно на 24 часа откако стартуваше новото 13-то коло на Спортска прогноза, прогнозерите веќе имаат свои фаворити меѓу тринаесетте пара, како и двата резервни пара.

Иако нема големи дербија, 13-тото коло изобилува со доста интересни натпревари од петте најсилни лиги во Европа. Најатрактивни се мечевите на Милан, Борусија Дортмунд и Њукасл, за кои прогнозерите веќе имаат свои фаворити.

Милан ѝ гостува на Аталанта во Бергамо и засега има поголема доверба кај прогнозерите. Дури 53,41 отсто од нив сметаат дека Росонерите ќе слават, 32,92 отсто веруваат во реми, а само 13,66 отсто ѝ даваат шанси на Аталанта да ги освои трите бода.

Овој натпревар започнува во 18 часот, а само 30 минути подоцна в сабота ќе стартува и бундеслигашката пресметка меѓу Борусија Дортмунд и Ред Бул Лајпциг. За овој меч прогнозерите имаат многу поголема доверба во Милионерите (74,47 отсто), додека само 9,07 отсто му даваат шанси на гостинот.

Во недела најатрактивен дуел ќе биде тој меѓу Тотенхем и Њукасл. Засега поблиску до победата, според прогнозерите, е Тотенхем со 51,74 отсто, додека само 16,91 отсто му даваат шанси на Њукасл.

Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 14 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.

Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.

За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K

Xiaomi електричен тротинет

Сони плејстејшн 5

Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците, се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести