Многу насмевки, детска игра, покажување на талентот на најмладите преку мини ракомет, многу енергија и вистинска спортска атмосфера го одбележува првиот „Национален ден на ракометот“ кој се одржува пред СЦ „Борис Трајковски“!

На едно место се собраа најмладите љубители на ракометот, семејствата, клубовите и сите оние кои покажаа дека ракометот е повеќе од спорт – ракометот е заедништво.

Ова дружење е како загревање за тоа што треба да започне во 19 часот, а тоа е реванш дуелот меѓу Македонија и Словачка во баражот за пласман на СП 2027.

Македонија победи убедливо 31:24 на првиот меч на гости и вечерва само формално, со нова победа треба да го потврди пласманот на уште едно големо натпреварување.


