Двата најголеми дерби-дуели во Шпанија и Италија на новото мени на Спортска прогноза

Новото 25-то коло на Спортска прогноза стартуваше. Познати се сите 13 парови кои се „домашна задача“ за сите играчи на бесплатната игра на која може да се добијат вредни подароци. Ова треба да биде едно од најатрактивните кола затоа што во понудата ги има двата најголеми дерби-дуели во Шпанија и Италија.

Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ игра Ел Класико против Барселона. Ова е дуел кој може многу да реши околу титулата во Шпанија. Барселона влегува како лидер во дербито. Каталонскиот гигант има 55 бода, два повеќе од Реал Мадрид.

Кралскиот клуб е во мини-криза затоа што во последните две кола освои само еден бод, а Барселона лесно победуваше. Сепак, кога се работи за Ел Класико, сите опции се во игра, но традицијата вели дека актуелниот првак победил на последните четири лигашки гостувања кај Реал во Мадрид.

КОРОНАВИРУСОТ МОЖЕ ПОВТОРНО ДА ГИ АКТИВИРА РЕЗЕРВНИТЕ ПАРОВИ

Речиси во исто време со Ел Класико, но во Италија, треба да се игра Дербито на Италија. Јувентус го пречекува Интер во дуел на двете екипи кои се во трка за титулата во Серија А. Во последните неколку дена во Италија постои опасност од Коронавирусот, поради што веќе беа одложени неколку меча од последното одиграно коло.

Доколку не се одиграат мечевите во италијанската Серија А кои се на понудата на Спортска прогноза, веднаш се активираат мечевите кои се додадени како резервни парови. Така беше и во претходното коло, што значи дека секогаш треба да прогнозирате и на тие две средби, кои секако влегуваат и во бројката на погодени за Генерален пласман.

Доколку има повеќе од две одложени средби, односно не се исполни кворумот за 13 парови, „Среќна 13-ка“ и трката за освојување на мобилен телефон „ајфон“ нема да се важи во тековното коло, додека остануваат подароците за вредносни ваучери од 1.000 и 500 денари за најдобрите кои имаат еден или два промашени пара. Секако, остануваат и освоените бодови во Генералниот пласман.

Се надеваме дека Коронавирусот нема да направи стопирање на мечевите во најсилните лиги.

- Оглас -

Најнови вести