Двоен олимписки шампион нема да учествува на ЛОИ во Париз поради поврзаност со Динамо Москва

Рускиот борач Абдулрашид Садулаев доби забрана од Интернациоланиот олимписки комитет (ИОК) за учество во кваификациите за пласман на ЛОИ во Париз, а со тоа и на Олимпијадата. Русинот е двократен олимписки победник од последните две Олимписки игри, но овојпат нема да може да учествува.

Комисијата при ИОК која ги разгледува поединечните барања на руските и белоруските спортисти на ЛОИ, утврдила дека Садулаев „ја поддржувал руската агресија на Украина“, но и дека тој е член на екипата на Динамо Москва, која „е блиска со тајните служби на Русија“.

„Го прогласивме Садулаев како неподобен за настап во квалификациите за ЛОИ откако комисијата пронајде нови информации за неговата подршка на украинско-руската војна и фактот дека тој сè уште е член на клубот Динамо“, се вели во соопштението на комисијата на ИОК.

Спортистите од Русија и Белорусија може да учествуваат на Олимписките игри само во индивидуалните спортови, но откако претходно ќе добијат специјална дозвола од комисијата наменета за тоа. Тие немаат право да ги користат националните симболи и ќе настапуваат како независни спортисти.

- Оглас -

Најнови вести