Двојка во дербито на двете Борусии – Милионерите од Дортмунд уживаат во прошетка на „Борусија парк“

Херта – Вердер (15.30)

Херта мора да победи ако не сака да си загорчи животот и да се најде во вртлогот што носи неизвесност околу опстанокот. Добро им дојде кам-бекот од 0:3 до 3:3 против Фортуна во Диселдорф што само ќе им ја крене самодовербата на играчите.

Домаќините имаат многу помалку проблеми со повредите од Вердер, екипа која е во многу незавидна позиција на претпоследното место во Бундеслигата. Им се повреди и голманот Павленка, а од претходно надвор од строј се и Фулкруг, Мохвалд и Топрак. Има уште неколку играчи чиј настап е неизвесен, па очекувам серијата порази на Вердер да продолжи и во Берлин.

Предлог тип: 1 (2.30)

 

Баер Леверкузен – Ајнтрахт Франкфурт (15.30 часот)

Ова ќе биде многу интересен дуел на две екипи што меѓусебе не одиграле нерешено на последните 10 меча. Се сеќавам дека и во мое време додека играв за Ајнтрахт мечевите со Баер, без разлика каде се играше ретко завршуваа без победник и често имаше голови.

Очекувам нов ефикасен дуел на две екипи со офанзивен стил на игра. Интересно ќе биде и ако Баер и Ајнтрахт паднат меѓусебе во полуфиналето на германскиот куп, но денеска ќе мислат само на бодовите за подобар пласман во Бундеслигата.

Баер има шанси за пробив кон позициите што водат во Лигата на шампионите, мојот поранешен тим е поблиску до опасната зона, отколку до местата што водат во Европа, па очекувам меч без калкулации и со најмалку 3 гола.

Предлог тип: 3+ (1.55)

 

Шалке 04 – Хофенхајм (15.30 часот)

Шалке е во сериозна криза со пет меча без победа и што е уште полошо за нив, на последните четири не успеаја да постигна ниту еден гол.

Ниту Хофенхајм не игра ништо подобро, а катастрофата од Баерн со 0:6 секако ќе остави траг на екипата. И покрај лошата форма и двете екипи имаат шанси за да бијат битка за Европа, а очекувам домаќините да ги освојат бодовите.

Шалке нема победа на последните три меѓусебни дуели со Хофенхајм и мислам дека е време за прекин и на таа серија и на низата од четири меча без победа и без постигнат гол.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

Волфсбург – Лајпциг (15.30 часот)

Лајпциг ја покажа високата класа токму со победа против Волсфбург во меч од германскиот куп со 6:1 на гостински терен, но оттогаш и ривалот покажа знаци на драстично подобрување на формата.

Волфсбург нема пораз на 7 меча по ред во различни натпреварувања и ќе се обиде да го изненади кандидатот за титулата. Имаат комотна позиција да играат без грч против Лајпциг, бидејќи опстанокот е обезбеден, а има шанси и за настап на европската сцена.

Лајпциг мора да мисли и на реваншот во Лигата на шампионите против Тотенхем, што ќе се игра во вторник. Имаат одличен резултат од првиот меч и голема шанса за пробив во четвртфиналето. Сепак не се во позиција да се опуштат против опасниот тим на Волфсбург, ако сакаат да останат во трката за титулата во германското првенство.

Тука очекувам вистинска голеада и да се тресат мрежите и на домаќинот и на гостинот.

Предлог тип: ГГ4 + (2.88)

 

Борусија Менхенгладбах – Борусија Дортмунд (18.30 часот)

Милионерите имаат серија што мора да се почитува, а десет победи по ред против имењаците од Менхенгладбах воопшто не е мала работа.

Борусија Дортмунд има и 4 победи по ред на „Борусија парк“ во Менхенгладбах, стадион и терен што секогаш биле тешки за гостување за било која екипа во Бундеслигата.

Домаќините имаат проблеми со повреди на неколку значајни играчи. Нема да играат Закарија, Турам, Траоре… што е хендикеп, но и мотивот е голем. Тимот од Менхенгладбах по долг период е сериозен конкурент за титулата што им дава крилја на избраниците на Марко Розе да играат одлично во континуитет.

Сепак според мене гостите имаат подобар состав, нешто поквалитетни играчи и типувам на двојка и продолжување на фантастичната традиција на победи на Борусија Дортмунд против Борусија Менхенгладбах.

Предлог тип: 2 (2.25)

 

- Оглас -

Најнови вести