Динамо Загреб го освои Купот на Хрватска откако во финалниот натпревар одигран во Осиек, ја совлада Риека со 2-0.
Стрелец на двата гола беше напаѓачот Лука Стојковиќ, кој постигна голови во 50-тата и 57-мата минута. Динамо го освои Купот на Хрватска по 18-ти пат во својата историја, што е рекорд. Риека го загуби финалето на Купот по четврти пат во својата историја.
На натпреварот му претходеа настани кои немаа многу врска со фудбалот. Навивачите на Динамо и Риека сакаа да се судрат на автопатот, но беа спречени од полицијата двапати. Добар број навивачи на Риека беа пренасочени во погрешна насока, па на стадионот пристигнаа околу 20-тата минута.

