Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го спореди ВАР-системот со фрлање паричка и рече дека Граѓаните мора да играат доволно добро за да избегнат какво било влијание од одлуките што се против тимот.
ВАР-системот повторно се најде под лупа оваа недела откако доцниот израмнувачки гол на Вест хем против лидерот во Премиер лигата, Арсенал, беше поништен, одлука што може да се покаже како клучна во трката за титулата.
„Единственото нешто што можеме да го направиме е да играме уште подобро. Тоа е единственото нешто што е под наша контрола. Ги загубивме двете финалиња на ФА купот затоа што судиите не си ја завршија добро работата. Тоа важи и за ВАР-судиите. Не сум верувал во ништо откако дојдов во Сити. Научив дека мора подобро да ја завршиш работата, да бидеш во позиција да ги правиш работите подобро бидејќи ВАР е како фрлање паричка“, изјави Гвардиола.
Сити ако победи вечерва против Кристал палас, ќе има само два бода помалку од Арсенал, на две кола до крајот, а в сабота на „Вембли“ играат ново финале на ФА купот.

