Рикелме ќе го предизвика Флорентино Перес на претседателските избори во Реал Мадрид

Претседателот на „Кокс групацијата“, Енрике Рикелме, е подготвен да влезе во изборната трка за прв човек на Реал Мадрид. Рикелме има 37 години и ги исполнува главните два услови за да биде претседател на Кралскиот клуб, тоа се барем 20 години да има членска книшка и да уплати 150 милиони евра како гаранција (уште е во преговори со банки да му дадат гаранција).

Бизнисменот е роден во Аликанте, главен акционер е моќна компанија за обновлива енергија. Тој е вклучен на листите на највлијателни луѓе во светот во борбата против климатските промени.

Во неодамнешното јавно појавување, Рикелме беше еден од главните гости на почитта кон хероите од „Ла Септима“ (седмата европска титула) организирана од навивачките клубови на Реал Мадрид во Аликанте. Таму тој ја делеше главната маса со Предраг Мијатовиќ и Фернандо Санс. Се зборува дека во неговиот тим се и Икер Касиљас, Серхио Рамос и Рафаел Надал, иако тенисерот кој му е пријател вели дека не сака да го спомнуваат во врска со изборите.

Изборите ќе покажат дали фановите повеќе сакаат клубот и понатаму да го води легенднарниот Флорентино Перес, кој е актуелен прв човек, или ќе се одлучат за свежа крв на чело на клубот.

- Оглас -

Најнови вести