Двојна круна за Црвена звезда – Катаи „магико“ сам го победи Партизан во финалето од купот на Србија (ВИДЕО)

Црвена звезда стави печат на одличната сезона со освојувањето на трофејот од Купот на Србија.

Тие во финалето на нивниот, „Рајко Митиќ“ стадион го победија најголемиот ривал Партизан со 2:1 а најзаслужен за триумфот беше Александар Катаи.

Играчот од средината на теренот најпрвин мајсторски погоди во 26-та минута, откако упати неодбранлив удар од некаде 20 метри, и тоа во левиот голмански агол. Истиот играч ја затресе мрежата и во 73-та минута со што ги постави конечните 2:1.

Во меѓувреме, израмнување за Партизан донесе Слободан Урошевиќ во 62-та минута. Оваа сезона е одлична за „црвено-белите“ од Белград бидејќи во неделата ја освоија и титулата од српскиот шампионат, додека во Лигата на Европа стигнаа до осмина-финалето каде што беа елиминирани од Глазгов Ренџерс.

- Оглас -

Најнови вести