Двојна победа за ПАО против Баерн, Жалгирис го освои Белград

Панатинаикос го доби и вториот овосезонски дуел против Баерн Минхен во Евролигата, грчкиот состав на домашен терен славеше со 98:83. Избраниците на Рик Питино го подобрија скорот на вкупно 11 победи, додека Баварците и петти меч во низа претрпеа разочарување.

Домаќините стартуваа со неверојатна серија од 19-2 во првата четвртина, па веќе по првите 10 минути имаа двоцифрена предност која до паузата беше анулирана откако гостите реализираа 35 поени во вториот период. Неизвесноста помина по уште една одлична серија на ПАО од 13-2 во клучната делница.

Одличен за Панатинаикос беше Томас со 18 поени и 9 скока, 13 поени реализира[e Папaпетру, додека Монро повторно беше најефикасен од редовите на Баерн со 17 поени.

Жалгирис Каунас стави крај на серијата од четири победи на Црвена ѕвезда со триумфот од 76:70 во Белград, а претходно Зенит славеше против Басконија со конечни 72:66.

- Оглас -

Најнови вести