Панатинаикос обезбеди плеј-оф во Евролигата, Црвена ѕвезда загуби во плеј-ин

Панатинаикос обезбеди пласман во евролигашкиот плеј-оф откако на домашен терен го совлада Монако со 87-79.


Грчкиот гигант ја изгради победата уште во првото полувреме, кое го заврши со убедлива предност од 49-34. Иако во продолжението Детелинките паднаа во ритам и ги загубија последните две четвртини, стекнатата залиха се покажа како доволна за да се одбие обидот за пресврт на гостите.


Една од клучните фигури во триумфот беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс, кој блесна со 21 поен и беше најефикасен во редовите на Панатинаикос. Добра поддршка пристигна и од Кенет Фарид, кој додаде 13 поени.


Кај Монако најистакнат поединец беше Мајк Џејмс, кој постигна 25 поени, но неговиот учинок не беше доволен за целосен кам-бек.


Во следната фаза од натпреварувањето, Панатинаикос ќе се соочи со Валенсија Баскет во четвртфиналето, каде грчкиот тим ќе се обиде да ги продолжи своите високи амбиции во Евролигата.

Црвена ѕвезда е елиминирана во плеј-ин фазата на Евролигата, откако беше поразена од Барселона со 80-72 во „Блауграна“.

Барселона на полувреме водеше со 47-33, а во третата четвртина стигна и до „+22“, што практично ја реши победата. Црвена ѕвезда успеа да реагира и да намали дел од разликата преку Тајсон Картер и Семи Оџејеле, но немаше доволно сили за целосен пресврт.

Најефикасен во редовите на Ѕвезда беше Милер-Мекинтаер со 19 поени, а Џеред Батлер додаде 16. Кај Барселона, Пантер и Клајбурн завршија со по 22 поени и беа клучни за триумфот на каталонскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести