Двојниот европски првак позајми играч, сега не знаат дали го фатија последниот рок

Двојниот европски првак, Нотингем форест успеа да издејствува трансфер на Камил Гросицки како позајмен играч од Вест Бромвич Албион во последните мигови од преодниот рок, но се уште не се сигурни дали документацијата им е комплетна.

Популарните Шумари го ангажираа и Кнокарт од Фулам, но со тој трансфер е се во ред, додека се уште стравуваат дали успеаа да го ангажираат Гросицки.

Ситуацијата е интересна, преодниот рок заврши вчера, а сега зависи се од англиската фудбалска федерација, популарната ФА.

Тие треба да ги прегледаат сите документи за позајмицата од ВБА во Нотингем форест за Камил Гросицки, дали е комплетна и дали е доставена во предвидениот рок.

Гросицки е полски репрезентативец и ќе биде големо засилување за англискиот гигант, кој има големи амбиции да се вфрати во Премиерлигата по долг период.

Нотингем форест е двоен европски првак од сезоните 1978/79 и 1979/80.

 

- Оглас -

Најнови вести