Двојно реми на стартот од Лигата на шампионите

Зенит и Славија Прага освоија по еден бод на гостувањето кај Лион, односно Интер на стартот од Лигата на шампионите. Аутсајдерите имаа и предност со головите на Азмун, кој погоди за Зенит и е првиот стрелец во новото издание на ЛШ и на Олајинка, кој беше прецизен за тимот од Прага на гостувањето кај Интер во Милано.

Домаќините сепак не дозволија комплетна сензација и израмнија за бод со погодоците на Депај од пенал и на Барела во последните моменти на дуелот на „Џузепе Меаца“.

Вечерва од 21 часот се играат уште шест натпревари од стартното коло во луксузното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести