Двократната Грен слем шампионска се повлече од турнирот во Мајами

Романската тенисерка Симона Халеп го откажа настапот на Мастерс турнирот во Мајами, иако вечерва требаше да се најде на теренот. Халеп беше подготвена да игра, но на последните тренинзи заработи повреда на рамото, поради која сега мора да мирува.

Халеп ја предаде борбата против Анастасија Севастова која во следната рунда ќе игра против Ана Коњјух. Хрватската тенисерка Коњјух направи големо изненадување со елиминацијата на Свјатек од Полска.

- Оглас -

Најнови вести