Двократната освојувачка во Мелбурн испадна откако ѝ се слоши, а потоа налутена бараше промена на правилата

Двократната победничка на Отвореното првенство на Австралија и некогашна најдобра тенисерка во светот, Викторија Азаренка, испадна во првото коло на турнирот во Мелбурн откако загуби со 7:5, 6:4 во дуелот со Џесика Пегула. Азаренка го загуби првиот сет, а во вториот губеше со 4:2 во сетови, кога сервираше ас за 40:0, но потоа ѝ се слоши.

Тенисерката едвај стигна до своето место за да седне и се бореше да земе воздух. Судијата ги повика и лекарите, па следуваше медицински тајмаут во соблекувалната. Азаренка се врати и го доигра мечот, а на крајот загуби. На прес-конференцијата по мечот, Азаренка беше лута зошто се интересираат кој бил нејзиниот проблем и зошто побарала лекарска помош.

https://twitter.com/i/status/1358976439991865346

„Не знам зошто прашувате за здравјето на играчите. Навистина не знам зошто е правилото дека мора да се изнесе медицинска причина кога сте повредени или болни. Мислам дека тоа треба да се промени, освен ако самите играчи не сакаат да зборуваат за тоа. Дури и законски лекарите не смеат да откриваат никакви информации за состојбата на нивните пациенти, па зошто тогаш ние тенисерите да мора да зборуваме за тоа? Ова правило треба да се смени“, рече Азаренка по мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести