33.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Двомечот со Ливерпул го проследи од клупа, а наскоро ќе му стане партнер на Ван Дајк

Ливерпул увиде дека зимските решенија за одбраната се покажаа како промашувања, па затоа актуелниот англиски првак одлучи повторно да го одврзе ќесето за квалитетно засилување на стоперската позиција.

Како иден партнер на Вирџил Ван Дајк во одбраната, Јирген Клоп го одбра младиот француски дефанзивец од Лајпциг, Ибрахима Конате. Црвените наводно се блиску да постигнат договор со Лајпциг за околу 34 милиони евра, колку што изнесува клаузулата на Конате.

Иако потенцијалот на Конате е огромен, тој не се најде во стартните 11 за двомечот против Ливерпул во ЛШ, во кој Лајпциг претрпе елиминација со вкупен резултат од 0-4.

- Оглас -

Најнови вести