Е, ова би било бомба: Адетокумбо може да прејде во Голден стејт или Лејкерс?!

Суперѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, би можел да направи сензационален трансфер, и да ги напушти Елените, а да го облече дресот на еден од два тима од сончевата Калифорнија. Според информациите, ЛА Лејкерс и Голден Стејт вориорс биле фаворити за потписот на 25-годишното крило. Договорот на Јанис со Бакс е до летото 2021 година.

Информациите доаѓаат од луѓе блиски до Вориорс, па затоа оваа шпекулација треба да се земе и со доза на резерва, бидејќи можеби е само желба. Летово треба да се знае дали е можно Гркот да си замине од клубот за кој досега нема кажано ништо лошо. Но, ако процени дека со Милвоки не може да освои титула во следните 4-5 сезони, Адетокумбо можеби и ќе размисли на преселба.

Сезонава Јанис имаше просек од 29,6 поени, 13,7 скока и 5,8 асистенции по меч, и на пат е да ја освои втората награда за најкорисен поединец во лигата.

- Оглас -

Најнови вести