Е, ова е амбициозност – италијански второлигаш ги барал Ибрахимовиќ и Манџукиќ

Спортскиот директор на Беневенто, Пасквале Фоџа, откри интересни детали околу клубот кој моментно е водечки во Серија Б. Тимот на тренерот Филипо Инѕаги, убедливо го држи првото место и во следната сезона ќе биде дел од италијанската клупска елита. Беневенто има амбициозен сопственик кој се вика Оресте Вигорито.

„Претседателот го сакаше Ибрахимовиќ зимоска, дури и Манџукиќ, пред тој да замине во Катар. Но, потоа се помири со реалноста. Среќен сум што можам да работам со толку амбициозен човек“ – рече Фоџа.

Беневенто има серија од 18 меча по ред без пораз, а во 2017 година беше во Серија А, кога испадна после само една сезона во друштво на најдобрите на Апенинскиот полуостров.

- Оглас -

Најнови вести