Е ова е експет за Фантази Премиер, освои 105 поени и малку фалеше да е прв во светот

Кога од преку 10 милиони фантазери ќе направиш состав кој на светско ниво е на 290 место во тековното коло, јасно е дека веќе тоа е тим за прво место во СпортМанија лигата на Фантази Премиер лига. Ѓоко Јованов е експертот кој успеа да освои 105 поени во 10 коло, со тимот Џорџ Бест и доминантно да заврши на врвот во ова коло на интерната лига.

Стандардно Ерлинг Халанд е капитен на тимот, но тој со удвојување на бодовите донесе скрони 12 бодови. Бомбастичен е средниот ред каде се Бруно Гимараеш со 15 поени, Фоден 11, Сака 15 и Мартинели со 12 поени. Играч со најмногу поени во овој тим е Кансело кој како дефанзивец успеа да даде еден гол, да има асистенција и да не прими гол со Манчестер сити.

Дарио Вукановиќ со ФК Малвук кој освои 92 поени. Халанд капитен и Сака и Мартинели во средниот ред, со гранитна одбрана составена од Кансело (18 поени), Трипие (7) и Кулибали (8) беа главни адути за овој фантазер да стигне до 92 поени.

Александар Михаилоски со Тетовчанка јунајтед стигна до 90 бодови, а освен Халанд како капитен, во нападот се и Кејн со 7 и Жезус со 5 поени. Во средниот ред главни адути се Мартинели и Ентони (8 поени), додека дефанзивниот ред му е речиси перфектен со Едерсон на голот (6 поени), Кукурела (7), Трипие (7) и Кансело со 18 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести