Е ова е носталгија – Џони не може без култниот „Ел Молинон“, по четврти пат се врати во Спортинг Хихон

Џонатан Родригес Менендес е еден од ретките фудбалери што дури четири пати се враќал во редовите на ист клуб, а љубовта кон Спортинг Хихон пак го доведе на култниот стадион „Ел Молинон“.

Популарниот Џони по сè изгледа не може без фанатичната атмосфера на стадионот на Спортинг, а во Шпанија велат дека е меѓу најдобрите и најбучните во конкуренција на сите стадиони, па повторно напраби камбек.

Сега ќе игра како позајмен фудбалер од Лацио, а ова му е покер камбек во Спортинг.

Првпат 31-годишното крило дојде во клубот од Хихон во 2013 година, потоа следната година потпиша официјален договор со Спортинг, па следуваше камбек во 2018 година и сега како позајмен играч од Лацио.

Џони има играно и за Овиедо, Малага, Алавес и Осасуна од попознатите клубови, а во рана возраст беше член и на познатата фудбалска Академија на Барселона „Ла Масија“ од 2008 до 2010 година.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести