Еден ден по финалето на СП треба да има дерби Сити – Ливерпул, а Чурлинов против Манчестер јунајтед

По завршувањето на третото коло од Лига купот на Англија, веднаш е извршена ждрепка за следната рунда, што всушност е осминафинале, а топчињата беа безмилосни, ги споија Манчестер сити и Ливерпул.

Осминафиналето треба да се игра на 19 декември, само еден ден по финалето на Мундијалот во Катар. Останува да се види дали ќе има поместувања во календарот. Барнли на Дарко Чурлинов за противник го доби Манчестер јунајтед, па Чурлинов има шанса да гостува на „Олд Трафорд“ пред јуни, кога на истиот стадион Македонија ќе гостува кај Англија.

Осминафиналните двојки за Карабао лига купот се: Вулверхемптон – Гилингам, Саутхемптон – Линколн сити, Блекбурн – Нотингам форест, Њукасл – Борнмут, Манчестер сити – Ливерпул, Манчестер јунајтед – Барнли, МК Донс – Лестер и Чарлтон – Брајтон.

- Оглас -

Најнови вести