Еден гол фалеше за ново добитно ливче на Ќумбев

Откако претходниот викенд  погоди коефициент од 19,58, овојпат само еден гол недостасуваше за Панче Ќумбев да истипува уште едно добитно ливче. Некогашниот репрезентативец беше сигурен дека Шалке ќе ја забележи првата победа во сезоната, и тоа против Мајнц. На крајот, тимот од Гелзенкирхен се радуваше со 1-0. Чиста единица беше и дуелот Арсенал – Ватфорд. „Топчиите“ победија со 2-0.

Ќумбев немаше дилеми и дека Јувентус ќе го добие дербито во италијанската Серија А. Шампионот победи со 3-1. Не може да помине ливче без пар од омилената лига на Панче, а тоа е Полска. Овојпат прогнозираше победа на Лех Познањ против Легница во меч со три гола. Дуелот заврши 2-1.

Единствениот кикс е типот од дербито во Премиер лигата. На Челзи – Ливерпул играше ГГ3+, а дуелот заврши 1-1, што значи недостасуваше само еден погодок на која било од двете страни за да има добитно ливче.

На овие пет меча вкупниот коефициент беше 22.83.

- Оглас -

Најнови вести