Еден гол не му е доволен на Реал за да победи, Бензема трагичар!

Реал Мадрид киксираше дома против Осасуна и одигра само 1-1, иако во 79-тата минута гостите останаа со човек помалку на теренот, а Кралскиот клуб имаше пенал со кој можеше да поведе, веројатно и да победи.

Но, Карим Бензема ја погоди пречката и сега има неверојатна серија од три утнати пенали против голманот Серхио Ерера, сите во 2022 година. Ова е прв меч сезонава на кој Реал не успеа да даде барем два гола и првпат не успеа да победи.

Винисиус случајно (нафрлуваше, а топката влезе во гол) му донесе предност на Реал, а изедначи Кике Гарсија со убав гол со глава.

Сега Барселона е нов лидер на табелата бидејќи иако има еднаков број бодови со Реал, Каталонците се во многу подобра гол-разлика.

- Оглас -

Најнови вести