Еден меч во Италија е неизвесно дали ќе се одигра

По повеќе од 100 дена принудна пауза, денеска продожуваат првенствата во Серија А и Серија Б во Италија. Земјата која прва настрада од опасниот Коронавирус, денеска треба да покаже дека ќе може да оди по стапките на германското, англиското и шпанското првенство кои продолжија под посебни услови.

Иако се најавуваат високобезбедносни здравствени мерки, сепак, еден меч е неизвесно дали ќе се одигра. Второлигашот Венеција испрати соопштение во кое вели дека играчите не се чувствуваат доволно безбедни од здравствен аспект, за да го одиграат денешниот меч на гостувањето кај Порденоне и затоа нема да играат.

Дуелот треба да се игра во Трст, а гостите уште стојат на ставот дека нема да го играат мечот кој е закажан за 20:30 часот вечерва. Порденоне моментно е на петото место на табелата со само четири бода помалку од второпласираниот Кротоне, кој има позиција што води во Серија А. Венеција е на 17 место и нема обезбедено опстанок.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести