Еден од најбогатите клубови сака да го купи Дибала, но Јувентус упати јасна порака

Францускиот првак Пари Сен Жермен посакува во своите редови да го доведе Пауло Дибала од Јувентус дури и по цена да го продаде Нејмар, тврдат италијанските медиуми. Дибала сезонава играше во одлична форма и беше еден од двигателите кај Старата дама, па затоа и Светците од Париз „загризаа“ за доведување на Аргентинецот.

Сепак, од италијанскиот првак јасно покажале дека не планираат да го продадат Дибала, туку подготвуваат нов договор за Аргентинецот. Се очекува Јувентус да му понуди на голгетерот договор до 2025 година со годишна плата од 10 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести