Еден од најдобрите голмани на светот потврди дека нема да игра на ЕП: Не сум робот!

Уште шест месеци остануваат до Европското фудбалско првенство во Германија, а познато е дека еден од најдобрите голмани нема да биде дел од континенталниот собир. Тибо Куртоа кој е прва опција за голот на Белгија веќе неколку месеци е надвор од теренот поради тешката повреда на лигаментите, заработена додека бранеше за Реал Мадрид.

Проценките се дека Куртоа треба да се врати на теренот и пред почетокот на ЕП, но тој вели дека не планира да игра на овој турнир.

„Дури и да одиграм некој меч за Реал Мадрид до крајот на сезонава, тоа нема да значи дека сум 100 отсто подготвен за настап на ЕП. Ќе ги следам мечевите на националниот тим, како и секогаш. Се надевам дека ќе стигнат далеку. Во 2018 година имавме најголеми шанси да освоиме медал, а овојпат може да бидеме со уште подобри шанси“, рече Куртоа.

Некои се сомневаат дека голманот е лут затоа што тој не ја доби капитенската лента по пензионирањето на Еден Азар, но Куртоа тоа го демантира.

„Секој има право на свое мислење и тоа е нормално. Тогаш имаше краток разговор со мене. Почувствував како да не сметаат на мене. Но не се работи за капитенската лента. Едноставно, јас сум човекчно битие со чувства, не сум робот. Уште сакам да играм за Белгија, но ќе видиме бидејќи не стануваме помлади туку баш спротивно“, додаде Куртоа.

- Оглас -

Најнови вести