Еден од најдобрите шахисти на сите времиња се наоѓа во индуцирана кома во болница во Москва

Поранешниот светски шампион во шах, Анатолиј Карпов, е примен во болница во Москва со тешки повреди и се наоѓа во индуцирана кома, пренесуваат руските медиуми.

Рускиот велемајстор е хоспитализиран во Москва со тешки повреди на главата и моментно е на интензивна нега. Наводно, Карпов со возило на брза помош бил донесен во болницата и бил во бессознание и во алкохолизирана состојба. По прегледот, лекарите констатирале сериозни повреди на главата и тешка скршеница на левата нога.

Рускиот бизнисмен Андреј Ковалев тврди дека непознати лица го нападнале Карпов кога тој излегувал од руската Државна дума и му нанеле сериозни повреди. Помошникот на Карпов, Алберт Степањан, пак тврди дека состојбата на славниот шахист е стабилна и тврди дека не е повреден и ги отфрли и гласините дека славниот шахист бил нападнат и претепан.

Дел од руските медиуми пишуваат дека Карпов случајно паднал и се удрил во главата и бил задржан во болница како превентивна мерка.

Анатолиј Карпов има 71 година и се смета за еден од најдобрите шахисти на сите времиња. Тој беше светски шампион од 1975 до 1985 година, кога загуби од Гари Каспаров. Карпов е и трикратен светски шампион според Меѓународната шаховска федерација и двократен светски шампион со репрезентацијата на СССР.

- Оглас -

Најнови вести