Еден од најдобрите судии на светот има ковид-19, ќе го пропушти шпанскиот Суперкуп

Шпанскиот судија Антонио Матеу Лахоз има позитивен тест на ковид-19 и веќе е во карантин, што значи дека ќе ги пропушти мечевите од шпанскиот Суперкуп.

Лахоз е еден од најдобрите фудбалски арбитри на светот, но сè уште чека шанса да суди финале на големо натпреварување под капата на УЕФА и ФИФА.

Беше планиран за да суди на мечевите од шпанскиот Суперкуп што ќе се играат на 13 и на 14 јанаури, со полуфиналиња меѓу Реал Сосиедад и Барселона и Атлетик Билбао и Реал Мадрид, но е изоставен поради позитивниот тест на ковид-19.

Лахоз нема да може да го суди и евентуалното финале што ќе се игра на 17 јануари во Севилја. Првото полуфинале меѓу Реал Сосиедад и Барселона е закажано за задутре, од 21 часот, во Кордоба, а следниот ден меѓу себе ќе играат Атлетик Билбао и Реал Мадрид во истиот термин, но во Малага.

 

 

- Оглас -

Најнови вести