Еден од најголемите таленти украде часовник од 70.000 евра, му се подготвува отказ

Еден од најголемите таленти во Франција, Ламин Дијаби е осомничен дека го украл часовникот вреден 70.000 евра на својот соиграч Каспер Долберг. Инцидентот се случил на еден од последните тренинзи, кога Долберг останал без часовникот.

Оштетениот фудбалер пријавил во полиција, но и кај челниците на клубот и се заканил дека нема да се појавува во клубот сè додека не се открие крадецот. Како единствен осомничен за кражбата се сомничи Дијаби, кој има играно за репрезентацијата на Франција до 15, 16, 17 и 18 години.

Играчот кој е еден од големите таленти на Ница е повикан на сослушување, а ако се докаже дека е крадец, му следува отказ, без разлика на фудбалскиот талент што го поседува.

 

- Оглас -

Најнови вести