Еден од најлудите голови во историјата на фудбалот: постигнат со рака, а признат е (Видео)

Американската фудбалерка Зои Махоуни на колеџ натпревар во САД постигна неверојатен погодок кој стана хит на социјалните мрежи. Зои, која игра за Универзитетот Дрејк, постигна гол директно од аут!

Махоуни со акробатски залет силно ја фрли топката со рака, а голманката на Северна Ајова направи голема грешка и ја допре топката, по што топката влезе во мрежа и голот беше признат. Ако никој не ја допреше топката, голот немаше да важи.

Погледнете го лудиот гол од аут:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести