Еден од најопасните фаули во колумбискиот фудбал (Видео)

Колумбија е позната како земја во која фудбалот е повеќе од игра. Таму поразот се доживува како нешто многу лошо и никој едноставно не сака да загуби. На дуелот меѓу Депортиво Кали и Атлетико Хулиа се случи еден од најопасните стартови.

Хулиан Зеа влезе во игра во 89 минута при резултат 1:1, но не успеа да го дочека крајот од средбата. Зеа го направи еден од најопасните стартови во историјата на колумбискиот фудбал. По еден напад на гостите, Зеа крвнички стартуваше, буквално сакајќи да му ја скрши ногата на противникот.

Медиумите во Колумбија го опишаа тој старт како еден од најопасните во историјата на колумбискиот фудбал.

- Оглас -

Најнови вести