Еден одличен прогнозер е во игра за 13-ка на Спортска, би ги препишале ли од него неделните типови?

Златко А. е единствениот играч на Спортска прогноза кој ги погоди сите седум саботни типови од 13-тото коло на оваа забавна и бесплатна игра, и уште шест чекори го делат од тоа да стане првиот со 13-ка и добивање на премијата.

За погодена 13-ка, прогнозерот сам бира меѓу три опции каков подарок сака да добие, за 12-ка следува ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а ваучер од 500 денари добиваат сите со 11 погодени и две утки.

Денеска ќе се играат шест натпревари од 13-тото коло на Спортска прогноза, а може да се состави интересен тикет според мислењето на мнозинството играчи. За дури четири парови, најголеми се процентите за нерешено. Фаворити на мнозинството се само Баер Леверкузен против Штутгарт и Тотенхем против Њукасл.

Златко кој имаше седум погодоци вчера, нема баш исто мислење како повеќето играчи. За денеска прогнозира победи на Фрозиноне, Штутгарт, Тотенхем и Болоња, а реми типувал на средбите Фулам – Вест Хем и Кадиз – Осасуна.

Замислениот тикет според прогнозите на мнозинството играчи на Спортска, би изгледал вака:

3005 Фрозиноне – Торино Х или Х2

1008 Фулам – Вест Хем Х

1808 Штутгарт – Баер Леверкузен 2

1010 Тотенхем – Њукасл 1

3007 Салернитана – Болоња Х или Х2

1308 Кадиз – Осасуна Х

- Оглас -

Најнови вести