Едерсон е најдобар пеналџија во Сити, но има еден голем проблем и затоа нема да шутира

По промашувањето на Илкај Гундоган на пеналот во дербито против Ливерпул, тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, се најде во голема дилема. Кој е играчот што ќе треба да ги изведува пеналите бидејќи веќе неколку удари од белата точка промашија најдобрите играчи на Граѓаните.

Веќе подолго време се зборува дека голманот Едерсон е најдобриот изведувач на пенали во Сити, но Гвардиола засега не се осмелил да му даде шанса на бразилскиот чувар на мрежата. Менаџерот на Сити им објаснил на фудбалерите дека ако Едерсон шутира пенал, може да има ризик, ако случајно промаши, противникот да ја искористи празната мрежа и од контра напад да даде гол.

Во светскиот фудбал еден од најпознатите голмани изведувачи на пенали е Ханс-Јорг Бут, кој ги шутираше ударите од 11 метри за Баер Леверкузен. Сепак, познат е еден меч на кој Бут даде гол, но додека се враќаше назад кон својот гол, противниците од Шалке 04 брзо изведоа од белата точка и успеаја веднаш да возвратат. Токму поради ваквите можни моменти, Гвардиола се плаши да му даде шанса на Едерсон да шутира пенали.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести