Едерсон како брз воз удри во соиграчот и тешко го повреди (видео)

Во дербито меѓу Манчестер сити и Арсенал, кое заврши со убедливи 3-0 за домаќините, страшна повреда претрпе младиот Ерик Гарсија откако дефанзивецот на Сити се судри со соиграчот Едерсон.

Голманот на Граѓаните сакаше да ја стигне топката и да спречи напад на Арсенал, меѓутоа Гарсија исто така тргна по неа со цел да му попречи на Обамејанг, но двајцата директно се удрија меѓу себе. Гарсија десетина минути лежеше на земјата и теренот го напушти на носилка.

https://twitter.com/Donny_Moore/status/1273360592942833665

- Оглас -

Најнови вести