Едерсон не е Де Хеа: Голманот на Сити е „доктор“ за пенали (Видео)

Манчестер сити вечерва ќе го игра најважниот меч во клупската историја. Граѓаните против Челзи играат во финалето од Лигата на шампиони и прв пат се на прагот од освојување на најзначајниот клупски трофеј на Стариот континент. Пред само четири дена, градскиот ривал на Сити, Манчестер јунајтед играше во финалето од Лигата на Европа, но Црвените ѓаволи беа шокирани од Вилјареал и загубија на пенали.

Клучниот момент во финалето од Лигата на Европа беше промашениот пенал на Давид де Хеа. Голманот на Јунајтед покрај тоа што не одбрани ниту еден од 11-те удари на Вилјареал, беше единствен кој не погоди во пенал-рулетот. Вечерва може да се случи и финалето од Лигата на шампиони да се решава на пенали, а голманот на Сити, Едерсон вели дека е подготвен да шутира.

Бразилскиот чувар на мрежата дури е уверен дека треба да биде меѓу петмината кои први би шутирале ако се дојде до изведување на пенали. Тој се пријави да биде петти изведувач, што најчесто е клучен. Дека е подготвен да шутира, едерсон покажа на еден од последните тренинзи кога покажа како неодбранливо се шутира од белата точка.

 

- Оглас -

Најнови вести