Един Џеко се израмни со Горан Пандев и донесе радост на Интер (Видео)

Интер се врати на победите и во Серија А, откако со 2:1 славеше на гости кај Сасуоло. Ветеранот Един Џеко беше херој на Нераѕурите, постигнувајќи ги двата погодоци за гостите.

Џеко прво погоди во 44 минута што беше негов јубилеен 100-ти погодок во Серија А.

Сасуоло израмни во 60 минута преку Фратеси, но тоа како да беше знак за Џеко повторно да се „разбуди“.

Се играше 75 минута кога Џеко донесе нова радост за гостите, што на крајот се покажа како доволно за освојување на трите бода.

Со овие два гола Џеко се израмни со Горан Пандев кој има 101 погодок во Серија А. Интересно е дека Пандев е најстариот фудбалер во историјата на италијанското првенство кој стигнал до 100 погодоци во елитното друштво, а Џеко е трет на оваа листа.

- Оглас -

Најнови вести