Единаесет деца членови на Фудбалската академија на Македонија се затруени со храна од доставувачот „Гала кујна“, а ФФМ го раскина договорот.
„Точно е дека има труење на 11 деца, вклучително и еден физиотерапевт. Ручекот и вечерата тој ден беа во ’Гала кујна’ и ФФМ одлучи да го раскине договорот“, објави портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.
Соработката со „Гала кујна“ е од пред неколку години, но договорот е раскинат по немилиот настан.