Единствениот тим во Топ 5 лигите кој сезонава не одиграл нерешено, денеска се брка на „икс“

Со дуелот меѓу Мајнц и Шалке, денеска ќе се комплетира 22. коло во германското првенство. Двете екипи се со различни амбиции. Главен фокус на Мајнц ќе му биде да не испадне од Бундес лигата, додека Шалке се бори за излез во Европа за следната сезона.

Во последниве 15 години овие екипи создадоа едно ривалство и одиграаа дури 28 меѓусебни средби. Традицијата вели дека на последните 11 дуели, секогаш имало победник, а тоа осум пати бил тимот од Гелзенкирхен, додека Мајнц се радувал само три пати. Оваа традиција вели дека клубовите играат без многу калкулации и факусот е на освојување на трите бода.

Сепак, ситуацијата пред денешниот меч е малку специфична. Мајнц е клуб кој сезонава е уникатен по една работа. Во досегашните 21 коло во Бундеслигата, овој тим не одиграл нерешено. За разлиак од Мајнц, токму Шалке е експертот за реми, односно овој тим сезонава има дури осум средби без победник.

Многумина обложувачи за вакви ретки случаи кога тимот нема ниедно реми, најчесто знаат да се обидат „да го бркаат“ првото реми на Мајнц. И според коефициентот, ремито на овој меч е повеќе од примамлив и носи коефициент 3,40.

 

- Оглас -

Најнови вести