Едмонтон ќе продолжи со успешната серија во НХЛ

Венецуела – Тринидад и Тобаго (фудбал, пријателски меч 00.00 часот)

Венецуела е тим со најголем напредок во последните години на Јужноамериканскиот континент. Неодамна ја разбија Боливија, пред тоа ремизираа со Колумбија, на Копа Америка извадија нерешено со домашниот Бразил. Тринидад и Тобаго цела година не знае за победа. Овие селекции играле пријателски мечеви и во 2003 година, кога паѓаа три до четири гола. Сега се игра во Каракас, би требало да има голови.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.72)

 

Суринам – Сент Винсент и Гренадин (фудбал, Лига на нации КОНКАКАФ, 01.00 часот)

Ова е дерби-меч од групата Д на Лига Б од Лигата на нации во Средна Америка. Суринам има 7, а Свети Винсент има пет бода. Ремито на Суринам беше пред три дена, токму против вечерашниот противник, кога одиграа 2-2. Домашниот терен е голема предност за Суринам, a Сент Винсент не е баш опасен гостин и нерешено би им било премија.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

Чикаго блекхокс – Едмонтон ојлерс (хокеј, НХЛ-лига, 02.30 часот)

Чикаго нема ниту една победа, ги загуби сите три меча, од кои еден во продолжение, а Едмонтон е лидер на Западот со пет победи по ред – најголем нивен успех во последните 33 години. Едмонтон постави НХЛ-рекорд бидејќи во сите пет победи правеше пресврт по водство на противникот. Кај Црните јастреби големи се мотивите да бидат првиот тим кој го победил Едмонтон, а ова им е прв меѓусебен дуел во 2019 година.

Предлог тип: 2 (2.95)

 

Вашингтон нејшенелс – Сент Луис кардиналс (бејзбол, МЛБ-плејоф, 01.00 часот)

Вашингтон води со 2-0 во оваа полуфинална серија, ги доби двата меча како гостин, а победите беа тесни, со 2-0 и 3-1. Пред тоа, во регуларната сезона кога играа меѓу себе овие тимови, речиси редовно имаше 6 или повеќе поени. Тука домашните делува дека се големи фаворити, сигурно ќе сакаат да ја искористат првата од потенцијално трите шанси да ја затворат серијата и да одат во финалето. Кардиналс е многу неефикасен тим и затоа типуваме на минус поени од границата.

Предлог тип: <7.50 (1.75)

 

Грин Беј пекерс – Детроит лајонс (американски фудбал, НФЛ-лига, 02.15 часот)

Грин беј има четири победи и еден пораз во првите пет меча сезонава, па тоа заедно со играњето на домашен терен најавува нивна победа. И Лавовите не се лоши, но играат попроменливо. Непредвидливи се, ја победија Филаделфија, тим од кој Пекерс загубија. Покрај тоа, и традицијата е на страна гостите. Детроит го победи Грин беј во последните четири пресметки, последниот пат со неверојатни 31-0, но ова е нивен прв дуел во 2019 година.

Предлог тип: >45.50 (1.92)

- Оглас -

Најнови вести