Една 11-ка во седмото коло на Спортска прогноза

Седмото коло на Спортска прогноза е добитно за еден прогнозер од вкупно 1 200 учесници. Д. Златко погоди 11 натпревари од понудените 13 и си доби ваучер од 500 денари, кој може да го искористи во обложувалниците на Sport Life.

Дарко без грешка погоди дека англиското дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул ќе заврши без победник, а за ваучерот придонесе и суперинтересната пресметка меѓу Лацио и Аталанта, која заврши со 3-3, меч кој исто така го играше „икс“ иако Лацијалите губеа со 0-3 на полувреме.

Мечевите кои го оддалечија од премијата iPhone XS се Бордо – Сент Етјен и Парма – Џенова. Дарко двата меча ги типуваше дека ќе нема победник, а Сент Етјен славеше со минимални 1-0, додека Парма ја потопи Џенова со 5-1.

Напоредно се згуснува трката во Генералниот пласман. Тројца натпреварувачи имаат еднаков број погодени натпревари по седум кола. Васко, Владимир и Дејан имаат по 52 погодени типови, додека нема делба ниту од четвртото до осмото место, пет прогнозери се со 49 погодени, а топ 10 комплетираат Благоја и Васко со по 48 точни прогнози.

Денес е денот кога ќе ги објавиме новите 13+2 мечеви кои ќе можете да ги прогнозирате од 14 часот, кога ќе стартува осмото коло на Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести