Една десетка е максимум за седмото коло на Спортска прогноза, одигра три нули што беа кобни за добивка

Една десетка е максимумот на учесниците во Спортска прогноза кои го одиграа седмото коло во петтата сезона од бесплатната игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life.

Иако беше интересно и во саботата имаше и прогнозер со погодени 8 од 8 натпревари, сепак колото заврши без добивки.

Николче В. беше сериозен кандидат за премијата што Sport Life и Спорт Манија ја доделуваат во секое коло за погодена комплетна Тринаесетка, но не успеа.

Во саботата тој ги нанижа сите 8 натпревари, но вчера ги промаши сите пет и остана без можност да освои барем утешна награда, ваучер од 1.000 или 500 денари.

Најмногу погодени натпревари и единствен со десетка е Влатко С.

За него кобни беа трите нули што ги одигра на дуелите Хетафе против Валјадолид, Вердер со Борусија Менхенгладбах и Селта со Бетис и тоа го чинеше и можност да има полн погодок во ова коло.

Наградите остануваа исти стандардно и за осмата рунда што ќе биде достапна за прогнозирање веќе од утре, од 14 часот, а сите обложувачи што имаат СЛ картичка од Sport Life, можат да учествуваат во бесплатната игра со многу забава и привлечни награди.

- Оглас -

Најнови вести