Една деценија од најпаметниот и најслаткиот црвен картон во историјата (Видео)

На денешен ден пред точно 10 години, Уругваецот Луис Суарес изведе потег кој можеби беше неспортски, но единствен можен во тој момент за да се обиде да ја спаси својата репрезентација од пораз во четвртфиналето на Светското првенство. Во 121-вата минута од дуелот со Гана, при резултат 1-1, африканскиот тим беше во напад и топката одеше кон голот на Уругвај. Лукавиот Суарес кој се најде на гол-линијата, со рака спречи Уругвај да прими гол. Се разбира, доби црвен картон, а Гана доби пенал.

Во тие моменти, Суарес беше тажен и со плачење го напушти теренот, но Асамоа Гијан не го реализираше пеналот, и сегашната ѕвезда на Барселона стана најсреќниот човек на светот. Гана не успеа да стане прва африканска селекција која дошла до полуфинале на СП, бидејќи во пенал-серијата, Уругвај беше подобар и после 40 години се најде меѓу четирите најдобри.

Погледнете ја легендарната сцена од пред десет години:

- Оглас -

Најнови вести