Швајцарија ќе забрани доаѓање на гостински навивачи

Швајцарската фудбалска лига (ШФЛ) планира да забрани присуство на гостински навивачи низ целата земја. Интересно е дека причина за ваквата одлука не е пандемијата, туку хулиганите кои станаа голем проблем на терените ширум Швајцарија.

Во последно време, зачестени се инцидентите кои се случуваат на трибините и затоа ставањето забрана за гостински фанови е одлука која треба да го сопре ова дивеење.

„За да се заштитат мирните навивачи кои доаѓаат на трибините, размислуваме да ги затвориме гостинските сектори на стадионите во земјата“, стои во соопштението од ШФЛ.

Последниот инцидент на меч од швајцарското првенство се случи за време на градското дерби меѓу Грасхоперс и Цирих, кое заврши 3:3. Дуелот се играше на стадионот на којшто имаше 16.000 гледачи, а навивачите на Цирих влегоа на теренот и се обидоа да се тепаат со противничките фанови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести