Една фотографија на Кројф ги налутила Росонерите, па во финалето во Атина ја уништија Барса

Финалето на Лигата на шампионите од 1994 година во Атина се памети по резултатот од 4-0, со кој Милан ја понижи Барселона, За италијанскиот клуб тоа беше петта европска титула, 70.000 луѓе на трибините беа сведоци на фудбалскиот час кој Росонерите им го одржаа на Каталонците.

Два гола даде Даниеле Масаро, по еден Дејан Савичевиќ и Марсел Десаи, а Деметрио Албертини се присети на инспирацијата која ја имале пред оваа феноменална партија.

„Ни фалеа Барези и Костакурта во одбраната и многумина сметаа дека сме аутсајдери. На денот на натпреварот видовме весник во кој Кројф позира со пехарот наменет за европскиот првак. Кога го видовме тоа, толку бевме наострени за финалето, што знаевме дека не постои ни еден промил шанси да бидеме поразени. Чувството на задоволство пос мечот беше неописливо“, изјави Албертини.

Барселона имаше силен напад предводен од Ромарио и Христо Стоичков, но Фабио Капело најде начин и со ослабена одбрана да ги запре опасните напаѓачи на тимот кој две години претходно стана европски првак со победа во финале против еден друг италијански тим (Сампдорија).

По таа 1994 година, Милан чекаше девет години на наредниот трофеј, а последната титула во ЛШ им е од 2007 година. Барселона по дебаклот во 1994, играше четири финалиња (во 2006, 2009, 2011 и 2015 година) и ги доби сите.

 

- Оглас -

Најнови вести