Една од најиновативните навивачки „финти“, гостинските фанови не знаеја што ги снашло (Фото)

Изминатиов викенд екипите на Цволе и ГА Иглс играа во рамките на локалното дерби во холандското првенство. Дуелот заврши 1:1, а покрај головите, на трибините имаше одлична атмосфера.

Домашните фанови на Цволе беа подготвени да ги пречекаат гостите од соседното гратче Девентер, но и да ги изненадат. Под трибината на која беа сместени гостинските симпатизери беа наместени димни бомби во боите на домашниот тим, а потоа и активирани со далечинско.

Наместо препознатливата црвена боја, кај гостинскиот сектор завладеа сината боја, која е препознатлива за Цволе. навивачите на ГА Иглс многу се налутија за оваа „финта“ и почнаа да кршат дел од столчињата во нивниот сектор и да ги палат нивните факли.

Мечот беше прекинат 15-тина минути, а потоа продолжи.

 

- Оглас -

Најнови вести