Една од најубавите спортистки на светот за малку не го дочека својот 40-ти роденден

Само десет дена пред 40-тиот роденден, а два месеца по враќањето во рингот, една од најдобрите американски борачки Ешли Масаро почина под неразјаснети околности. Од полицијата велат дека не станува збор за насилна смрт.

Блондинката Ешли беше позната по својот физички изглед, ја вбројуваа меѓу најубавите и најатрактивни спортистки на светот. Освен со спорт, таа се занимаваше и со манекенство, а во  организацијата ВВЕ беше суперѕвезда од 2005 до 2008 година. Кога пред два месеци реши да се врати во рингот, фановите беа воодушевени, но радоста траеше кратко.

Таа почина под „некриминални околности“, што и да значи тоа. Масаро, која има 18-годишна ќерка, своевремено се сликаше за многу магазини, меѓу кои и „Плејбој“, а работеше и како ТВ-водител.

- Оглас -

Најнови вести