Една работа е лоша за Бриж – Реал по секоја цена ќе бега од пораз и „црн“ рекорд во 21 век

Реал Мадрид сигурно ќе игра со комбиниран тим против Бриж вечерва на стадионот „Јан Брејдел“, но ќе сака да избегне пораз и да остане со најскромен бодовен ефект во фаза по групи во Лигата на шампионите во овој милениум.

Реал секако е пласиран во нокаут-фазата, но со 8 бода, колку што има пред стартот на последното коло, би имал најмал бодовен ефект во 21 век во луксузното натпреварување.

Тоа ќе биде мотив за избраниците на Зинедин Зидан да одат на победа против Бриж, кој се надева дека ќе успее да се справи со комбинираниот состав на Кралевите и со триумф да си обезбеди настап во Лигата на Европа.

Пред стартот на последните мечеви во првата фаза, ПСЖ со 13 бодови го освои првото место во групата А, Реал Мадрид со 8 секако е втор и оди понатаму во нокаут-фазата, а Бриж со 3 бода и Галатасарај со два ќе бијат битка за опстанок во еврокуповите и настап во Лигата на Европа.

ПСЖ ќе му биде домаќин на Галатасарај, а и двата меча од групата А ќе се играат од 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести