Една работа е заедничка за сите четири тима од ЛШ кои ќе играат вечерва!

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти со четири титули е најтрофејниот тренер во историјата на Лигата на шампионите, а интересно е што тој ги има водено сите четири тима кои ќе се појават вечерва во четвртфиналните двобои.

Европските титули на Дон Карло му беа со Милан и Реал Мадрид, а тие два тима ќе играат вечерва против Наполи, односно Челзи, клубови кои исто така ги има водено Анчелоти.

Анчелоти седеше на клупата на Милан од 2001 до 2009 година, во Челзи беше од 2009 до 2011, во Наполи работеше во сезоната 2018/2019, а во Реал во 2021 го почна вториот мандат откако претходно го водеше и од 2013 до 2015 година.

- Оглас -

Најнови вести