Една слика – 1.000 зборови, во Барселона никој не го цени Кике Сетјен (Фото)

Скромните резултати на Барселона во последниот период придонесоа за разнишаната атмосфера во тимот, а за тоа многумина го обвинуваат тренерот Кике Сетјен. Сетјен по ремито со Атлетико, рече дека не се чувствува загрозен за својата позиција.

Сепак, синоќа на „Камп ноу“, при една пауза за освежување, убаво се виде колку зборот на Сетјен вреди во тимот. Додека играчите на Атлетико како послушна војска беа собрани на купче и го слушаа шефот Диего Симеоне, Каталонците се распрскаа на сите страни, и не сакаа да слушаа што ќе им каже тренерот.

- Оглас -

Најнови вести